Бројот на жртви во експлозијата во Веракруз достигна 28 лица

Спасувачките тимови откриле уште четири тела во нафтениот комплекс во источната мексиканска држава Веракруз, каде во средата избувна моќна експлозија.

Со тоа бројот на жртвите достигна 28, соопшти државната нафтена компанија „Пемекс“, сопственик на фабриката.

Вчера беше соопштено дека судбината на осум лица се уште не е позната, а 18 се во болница. Повредени беа над 130 луѓе.

„Пемекс“ додаде дека некои реони на фабриката се уште не се пребарани.