Бројот на жртвите во пожарот во Лондон се зголеми на 79

Лондонската полиција во понеделникот објави дека 79 луѓе загинале или исчезнале но се претпоставува дека се мртви, во пожарот кој минатата седмица зафати стабен комплекс во западниот дел од британската престолнина.

Началникот на лондонската полиција Стјуард Канди изјави дека бројот на жртвите и натаму може да се менува, но не толку драстично како изминатите денови. Последниот податок од саботата говореше за 58 жртви, а претходниот од средата за 30 загинати.

Канди додаде дека се пронајдени пет лица кои биле пријавени како исчезнати, но кои се здрави и згрижени на сигурно.

Пожарот ноќта кон 14 јуни ја зафати 24 ката високата станбена кула „Гренфил“ во западен Лондон, во квартот Северен Кенсингтон.

Според медиумите, 24 лица се хоспитализирани во лондонските болници, а од нив 12 се во критична сотојба.