Бројот на жртвите во земјотресот во Кина се зголеми на 19 (ВИДЕО и ФОТО)

Најмалку 19 луѓе загинаа а 217 се повредеи во силниот земјтрес кој во вторникот ноќта ја погоди југозападната кинеска покраина Сечуан, пренесува во средата Централната кинеска телевизија (CCTV), повикувајќи се на локалните власти коишто ја продолжуваат операцијата за спасување и пронаоѓање преживеани во облста во којашто живеат околу 210.000 луѓе.

Претходно беше објавено за 13 загинати и 175 повредени. Меѓу евакуираните од покраината Сечуан се 31.500 туристи. Агенцијата Xinhua пренесеува дека меѓу повредените се и Французин и Канаѓанка.

Потресот се случил доцна ноќта во областа околу 200 километри од градот Гуанжуан со магнидута од 7,0 степени по Рихтер на длабочина од околу 10 километри, соопшти американската геолошка служна USGS.

Кинеската сеизмолошка служба во средата објави дека по главниот удар се регистрирани повеќе 770 последователни потеси.

Втор посилен земјотрес во Кина е регистран во средата претпладнето со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер. Тој ја погодил областа на градот Ксианџијанг, одделечена околи 2.000 километри од синоќениот земјотрес, и во него се повредени 32 лица пренесуваат кинеските медиуми.