Бројот жртви во железничката несреќа во Египет се искачи на 44 (ВИДЕО)

Во тешката железничка несреќа којашто се случи во близина на египетскиот пристанишен град најмалку 44 луѓе ги загубија животите, а уште најмалку 120 се поврдени, пренесува Sky News Arabia.

Според официјални податоци, пак, од Министерството за здравство, во несреќата има 37 жртви, а 123 лица се здобиле со повреди од различен вид и тежина. Сите загинати и повредени се Египќани.

До железничката несреќа дошло во северен Египет. Патнички воз кој сообраќал од престолнината Каиро кон Александрија со голема брзина удрил во воз кој поради дефект запрел во Порт Саид.

Според гувернерот на провинцијата Ал Искандерија, односно Александрија, Мохамед Султан, вината за несреќата лежи кај машиновозачот на првата железничка композиција. Машиновозачот не го запрел возот и покрај тоа што имало сигнализација за запирање на машината.

Има и податоци, меѓутоа, дека машиновозачот на првиот воз добил погрешен сигнал од диспечерите за запирање на возот.

Египетскиот железнички систем е во многу лоша состојба, има лоша поддршка и затоа има чести хаварии и настани со жртви и настрадани