Магазин

Американски музички награди Бруно Марс изведувач на годината во изборот на AMAs

Бруно Марс изведувач на годината во изборот на AMAs

На годинешното доделување на Американските музички награди (AMAs), Бруно Марс во неделата ја однесе титулата изведувач на годината, а и во повеќето други категории доминираа машките мучичари, но на свеченоста на доделувањето на наградите со впечатливи изведби владееја пејачките Пинк, Леди Гага и Кристина Агилера.

Бруно Марс ги освои и наградите во категориите: најдобар поп-рок албум, омилен машки поп-рок изведувач, имаше најдобро видео годинава и прогласен е за најдобар музичар во соул и R&B музиката.

Поранешниот член на тинејџерскиот бенд One Direction, Најл Хоран ја освои наградата за најдобар нов музичар, а Порториканецот Луис Фонси, Џастин Бибер и Деди Јенки наградата за соработка на годината на песната „Despacito“.

За омилена пејачка на годината во категориката поп-рок музика е прогласена Леди Гага. Во преносот на доделувањето на признанијата се вклучи од турнејата којашто ја најде во Вашингтон. Ја изведе песната „The Cure“.

За најдобар женски вокал годинава во соул и R&B музиката е прогласена Бијонсе.

Мегаѕвездата на дискографската куќа „Motown“, Дајана Рос, ја освои наградата за животно дело, а честитки преку водео снимка ѝ упатија поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел. На сцената се појави опкружена со членовите на нејзиното семејство.

Наградата за турнеја на годината ја однесоа членовите на групата Coldplay. Најдобар кантри пеач на годината е Кит Урбан, а најдобри изведувачи на алтернативен рок се групата Linkin Park.

Во категоријата најдобар музчат на рап и хип-хоп е Дрејк, а наградата за најдобар рап и хип-хоп албум ја освои Кендрик Ламар.

Кулминација на вечерта беше изведбата на Кели Кларксон и Пинк кои ја изведоа нумерата „Everybody Hurts“ на групата REM, посветувајќи ја на спасувачите и жртвите од ураганите и пожарите кои опустошија големи делови од САД.

Актерката Виола Дејвис ѝ одаде почест на починатата пејачка и актерка Витни Хјустон, односно 25-годишната од филмот „The Bodyguard“, а Кристина Агилера впечатливо ги изведе хитовите од филмот.