Бруно Масеиш во посета на Собранието на Република Македонија

Бруно Масеиш, државен секретар за европски прашања на Република Португалија денеска престојува во официјална посета на Собранието на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Масеиш ќе оствари средба со Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и претседавач со Комисијата за надворешни работи.