Брус Спрингстин откажа концерт поради дискриминација

Брус Спрингстин откажа концерт поради дискриминација
Брус Спрингстин откажа концерт поради дискриминација

Еден од најпознатите американски рок музичари Брус Спрингстин го откажа концертот кој денеска требаше да се одржи во Северна Каролина, наведувајќи го како причина новиот закон на оваа американска сојузна држава, со кој се врши дискриминација на трансполовите лица.

Тој го објави своето соопштение во кое се наведува дека „некои работи се поважни од рок концертот, а борбата против предрасудите и нетрпеливоста е една од нив“.

Легендарниот музичар им се извини на своите обожаватели, на кои ќе им бидат вратени парите за купените карти.

Речиси распродадениот концерт требаше да се одржи во салата „Гринсборо колосеум“, чии сопственици ќе изгубат и до 100.000 долари поради откажаниот настап, за кој карти купиле повеќе од 15.000 луѓе, пишува „Вашингтон пост“.

Откако Северна Каролина го усвои законот со кој на трансполовите лица им се забранува користење на тоалети според полот со кој се иднетификуваат, некои компании одлучиле повторно да ги разгледаат или прекинат плановите за инвестирање во оваа држава.