среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Бруталната партизација на МВР што ја изврши СДСМ неприфатлива за меѓународните претставници

zgrada-na-MVR-2-640x427

Поврзани вести

Кога СДСМ според договорот од Пржино од минатата година, доби технички министер за внатрешни работи, единствено нешто што направи во тоа Министерство беше назначување на партиски кадри.

Очигледно ваквите одлуки се неприфатливи за меѓународните претставници, бидејќи со она што денеска го договорија политичките партии со меѓународно посредништво, се става крај на ваквото однесување на опозицијата, пишува Курир.

Според договореното, кадровските промени на министерот за внатрешни работи се лимитирани до 15 лица на раководни позиции.

За потсетување, кога СДСМ го назначи Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, истиот го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата.

Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ја чинеа преку 10.000 евра месечно.

Најчитани вести