четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Брутално силувано дете во бегалски камп во Солун

Жените во кампот се плашат сами да одат во тоалет, а децата не ги пуштаат никаде.

kamp

Поврзани вести

Во Кампот за мигранти во Солун се случил вистински хорор кога детенце било силувано од страна на мигрант.

Според податоците, наводно во камповите има банди кои дејствуваат така што намамуваат дечиња во своите шатори, па ги силуваат брутално.

– Еден маж викнал седумгодишно детенце во својот шатор, за да играат наводно игра на мобилен телефон. Потоа, го затворил во шаторот, а детето се вратило со модринки по телото и вратот. Потоа признало дека било сулувано, вели извор, пренесува Дневник.хр.

Според истиот извор кој сака да остане анонимен, жените се плашат сами да одат во тоалет, а децата не ги пуштаат никаде.

Најчитани вести