Брутално убиство во Хрватска

Сања Хап (39), фудбалска менаџерка од Осјек е пронајдена мртва во Загреб.

Хап била брутално убиена во станот каде живеела под кирија, а телото го нашол нејзин познаник. Рацете и нозете и биле врзани, а на безживотното тело имала шест убодни рани. Полицијата и форензичарите цели 17 часа пребарувале докази, но предметот со кој е убиена не е пронајден. Според хрватските медиуми, првичниот мотив поради кој е извршено убиството се долговите кои Хап ги има, а кои последниов период биле особено големи.