Бруто платата во ноември 30.902 денари

Исплатената бруто плата во ноември изнесува 30.902 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во истиот период, просечната исплатена нето плата по вработен е 21.054 денари.

Просечната месечна исплатена бруто плата во ноември минатата година, во однос на истиот период 2012-та година, бележи пораст од еден отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6,3 отсто, Tранспорт и складирање со 6,1 отсто и Дејност на здравствена и социјална заштита со 3,6 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 9,6 отсто, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6,4 отсто и Градежништво за 4,5 отсто.