Брз и едноставен ручек: Тестенини со спанаќ

Потребни состојки за две лица:

  • 4 парчиња пилешки копани, исечкани на парченца
  • Маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • Каранфилче, по желба
  • 200g тестенини
  • 400g спанаќ, чистен и измиен
  • Мајчина душичка, по желба


Подготовка:

Се ставаат два садови со вода да зовријат.

Пилешкото посолете го и зачинете го со малку каранфилче и со лукот. Пржете го додека не зарумени.

Во меѓувреме ставете го спанаќот да се вари неколку минути сè додека не омекне. Сварете ги и тестенините.

Измешајте го пилешкото со спанаќот (претходно исцеден).

Со така направениот сос прелијте ги сварените тестенини и додајте мајчина душица како зачин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.