среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 32

Брза летна манџа

Еве како да направите брза летна манџа. Состојките во приложениот рецепт се за 4 порции, а ќе ви бидат потребни само околу 15 минути за да го приготвите ова јадење...

letna-mandza-1

Поврзани вести

Еве како да направите брза летна манџа. Состојките во приложениот рецепт се за 4 порции, а ќе ви бидат потребни само околу 15 минути за да го приготвите ова јадење…

Состојки:

  • 10 пиперки
  • 2 домати
  • 3 кромиди
  • 1 лук
  • 2 мали лажички сол
  • Црн Бибер
  • Магодонос

Подготовка:

Исечете го кромидот ситно и ставете го да се пржи во претходно загреано тенџере со маслиново масло. Исчистете ги и исечкајте ги пиперките на покрупни коцкички, а доматите ставете ги 5 минути во топла вода за поедноставно да ја ислупите лушпата.

Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете ги пиперките и малку динстајте, а потоа залејте со млака мешавина од 2 децилитри вода и една лажичка вегета. Посолете и додадете лук.

Излупете ги доматите, исечкајте ги на ситно и ставете ги во тенџерето. Варете околу 10 минути. Посолете, ставете биб ер и магданос и тоа е тоа… Пријатен ручек…

Доколку сакате наместо традиционално со сирење, оваа манџа можете да ја послужите и со варен ориз или кус кус.

Најчитани вести