Брза помош на судењето на „Ровер“

Лекари на Брза Помош влегоа во судницата во која се одржува рочиште за случајот Ровер, јавува Вест.

Лекарите дошле за да утврдат дали обвинетиот Ивица Ристиќ, сопственик на кафеаната во Скопски Капиштец, пред која во 2001 година беа убиени Марјан Тушевски и неговиот возач Кире Јанев е способен да го следи судењето.

Неговите адвокати побарале одложување со оправдување дека обвинетиот има вртоглавица и може да се онесвести во секој момент.

Интересно е што одложувањето се бара во ситуација кога Судот е во тесно со време, бидејќи на 16ти месецов истекува последниот рок до кога обвинетите може да се држат во притвор, без да биде донесена судска пресуда. Оттука, доколку Судот не пресуди до овој ден, Ристиќ ќе може да се брани од слобода.

Во случајот „Ровер“ поранешниот минситер за внатрешни работи Љубе Бошковски и уште 9 лица се обвинети за помагање во нарачано убиство