Брзал да не задоцни на работа, па се зарил во бензиска пумпа!

Утрово во 6 часот,  се случила невообичаена сообраќајна незгода. Возач влетал на бензиската пумпа „Лукоил“ и се зарил во една од пумпите за точење на гориво. И покрај тоа што возилото е демолирано,  возачот не бил повреден, туку е регистрирана само материјална штета, пишува Вечер.

Според информации на весникот, возачот бил вработен на бензиската пумпа и брзал да не задоцни на работа.

lukoil-500

 

Фото: Стефан Ѓоргиев