Брзи колачиња од три состојки

Сакате да се заблажите, а тоа да биде нешто здраво и никокалорично? Тогаш подгответе ги едноставните и вкусни колачиња со банана, овесни снегулки и суво грозје.

Потребни состојки:

1 банана

1 шолја овесни снегулки

1 шолја суво грозје

Начин на подготовка:

Измешајте ги овесните снегулки и сувото грозје во сад. Потоа додадете ја бананата, која најдобро да биде пасирана. Измесете ја целата смеса за убаво да се соедини.

Оформоте колачи по желба, а доколку сакате повеќе, зголемете ја дозата на состојките.

Колачите се печат во тава или плех обложен со хартија за печење 15 минути на температура од 180 степени.