среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 51

Брзи и вкусни чоколадни коцки со ореви

Ако сте љубител на комбинацијата чоколадо – ореви, а покрај тоа сакате брзи и едноставни десерти, тогаш ова е рецепт за вас.

kocki-650x300

Поврзани вести

Едноставното е најдобро. Ако сте љубител на комбинацијата чоколадо – ореви, а покрај тоа сакате брзи и едноставни десерти, тогаш ова е рецепт за вас.

Состојки:

250 гр шеќер

18 лажици вода

210 гр маргарин

150 гр мелени ореви

100 гр крупно сецкани ореви

250 гр мелени бисквити

100 гр чоколадо

Подготовка:

Шеќерот и водата ставете ги да провријат. Тргнете го садот од оган и додадете го маргаринот, добро да се стопи.  Додадете ги мелените ореви, па бисквитите и на крај исецканите ореви и растопената чоколада. Се’ добро измешајте за да се соедини. Исипете ја смесата во калап и оставете да отстои во фрижидер за да се стегне.

Најчитани вести