„Брзината е безмилосен убиец, почитувајте ги сообраќајните правила“

Со цел поддршка на кампањата на Владата на РМ за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“ Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи во соработка со верските заедници во Р.Македонија упатија апел за подигнување на јавната свест за трајните последици од фаталните и тешки сообраќајни незгоди врз учесниците во сообраќајот на патиштата.

Директорката на комисијата за односи на верските заедници во РМ, Валентина Божиновска истакна дека целта на пристигнувањето не треба да биде крај, туку треба да претставува љубов.

– Секој од нас кога тргнува на пат има одредена цел. Длабоко расмислувам дека ако симболично видите што е целта – таа не треба да биде крај, целта треба да значи одредено пристигнување до некаде, а тоа значи убавина, нови пријателства, нови возбуди ии нова историја за градот каде што патувате. Така што мислам дека секое влегување во автомобилот на било кој од нас значи дарување на љубов на најближните, затоа мислам дека во мигот кога влегуваме во автомобилот пред да го запалиме треба да се потсетиме на љубовта кон најближните, кон децата и фамилијата. Во тој миг мислејќи на нив мислиме на сите учесници во сообраќајот. Мојата порака на Денот на сообраќајот е дека вниманието кое го даваме за другите е внимание кон самите себе си. Дарувајќи ја љубовта кон ближните ја даруваме и љубовта кон другите, затоа сметам дека целта не треба да биде крај, целта треба да претставува љубов, посочи Божиновска.

Според МПЦ треба се грижиме за својот живот но и за животите на останатите учесници во сообраќајот и постојано да ги почитуваме законите и прописите поврзани со користење на превозните средства.

b1

– Молитвено сеќавајќи се на жртвите од сообраќајот Бог ни порачува да се грижиме за својот живот, но и за животите на останатите учесници во сообраќајот. Значи дека Бог ни ги дал превозните средства да ги користиме за потребите на организирање на својот овоземен живот, но исто така не обврзал и преку шестата Божја заповед која вели не убивај – превозните средства да не ги користиме да ги одземаме животите на другите или да се лишуваме од својот живот. Значи треба постојано да ги почитуваме законите и прописите поврзани со користење на превозните средства и со нашето учество во сообраќајот понатаму секогаш да имаме на ум дека постојано треба да чекориме по патеката којашто нема да ги загрозува животите на останатите учесници во сообраќајот, ниту пак нашиот личен живот. Така ќе ја исполниме својата должност кон Бога за своето овоземно живеење и ќе го достигнеме блаженството, затоа секогаш кога ќе влеземе во своето возило или ќе стапнеме на коловозот да имаме на ум дека некој во нашата близина сака да ни го попречи нашето сигурно стигнување до целта, а ние имаме цел да стигнеме сигурно и безбедно доколку не користиме средства коишто ќе ни го одземат вниманието или пак ќе не доведат во состојба да не можеме да ги забележиме другите ученици во сообраќајот, истакна Драги Костадиновски од МПЦ.

Апел да не се управуваат моторни возила под дејство на алкохол, упати и Бојан Сапунов од еврејската заедница во РМ.

b2

– По повод светскиот ден на жртвите во сообраќајот би сакал да упатам еден апел до сите учесници во сообраќајот да внимаваат при управувањето со своите моторни возила, да не конзумираат алкохол доколку планираат да управуваат со моторни возила. Особено специјален апел до младите, да не возат доколку се под дејство на алкохол, доколку планираат вечерта да прославуват, да ги остават клучевите и да користат друг вид на превоз. Би упатил апел да се избегнува користење на мобилните телефони додека се вози, бидејќи сето тоа може да доведе до несакани последици и невини жртви, рече Сапунов.

Поглаварот на ИВЗ- Ефенди Сулејман Реџепи порача до сите учесници во сообрќајот да не бразаат и претпазливо да управуваат со своето возило.

b3

– Не се фрлајте себеси со своите раце во опасност. Со оглед дека се поголем е бројот на сообраќајните несреќи, а луѓето од различни возрасти се жртви, а по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи, апелирам до сите припадници на исламската вероисповед, како и на другите граѓани, да имаат најголема претпазливост во сообраќајот. Затоа пред некому да му предизвикаш болка, размисли добро како ќе го управуваш своето возило. Не се брзајте, бидејќи брзината во сообраќајот е безмилосен убиец. Почитувајте ги сообраќајните знаци и правила, нивното почитување значи почитување на вашиот живот и животот на другите, а тоа пред се е верска обврска, истакна Реџепи.

Обединетите нации на 26 октомври 2005 година усвоија Резолуција со која третата недела во ноември се прогласува за Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

 Извор: Курир