Брзо и лесно: Печени плескавици од тиквички

Ако незнаете што да подготвите денес за ручек еве еден предлог за вкусно јадење со тиквички. Брзо се подготвува, нема да ви одземе премногу време, а сите ќе уживаат во ова вкусно летно јадење…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 кг тиквички
  • 200-300 грама мелено сирење
  • 2 дл кисела павлака
  • 1,5 мал филџан масло
  • 200 грама гриз
  • Малку брашнo
  • Лажичка магодонос
  • Лажичка прашок за печиво

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките и изрендајте ги, посолете ги и ставете ги во сито за да се исцеди водата. Во чинија изматете јајца, додадете ја павлаката, сирење, масло, гриз, прашок за печиво, потоа додадете изрендани тиквички, малку посолете, додадете брашно и магдонос. Обликувајте плескавици од смесата и ставете ги во плех на хартија за печење. Печете околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени.