Брзо решение за Кипар

Во вторникот водачите на кипарските Турци и Грци изразија желба за што е можно побрзо постигнување на договор за обединување на овој медитерански остров, по продолжувањето на преговорите во перспективата на побарувачката на крајбрежните гасни полиња, коментира „АФП“.

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис и лидерот на Турската Република, Северен Кипар, Дервиш Ероглу, одржаа едночасовна средба во зградата на ОН на поранешниот аеродром во Никозија, во присуство на претставникот на ОН во Кипар Лиза Бутенхајм.

Остров Кипар е поделен по турската инвазија во 1974 година како одговор на обидот за државен удар, со цел присоединувањето на територијата кон Грција. Триесет години подоцна Република Кипар влезе во ЕУ, но островот остана поделен по неуспехот на планот за повторно обединување, составен под раководство на ОН и подложен на референдум, на кој текстот наиде на одобрување од кипарските Турци, но беше отфрлен од кипарските Грци.