Бтатоубиство во Тетово

Бтатоубиство во Тетово

Ј.И.(55) од Тетово денеска самиот се пријавил во полиција признавајќи дека му нанел смртоносни повреди на неговиот помлад брат А.И. со нож во градниот кош, по што тој починал.

Како што информираа од тетовската полиција десетина минути пред да се пријави во полиција, телото на починатиот било донесено во Клиничка болница во Тетово. Според првичното кажување на осомничениот, меѓу него и неговиот две години помлад брат започнала караница во нивниот семеен дом, на улицата Караорман во Тетово, по што повозрасниот со нож му нанел смртоносни повреди на својот брат.

Пронајден и ножот за кој се претпоставува дека бил употребен во настанот
Пронајден и ножот за кој се претпоставува дека бил употребен во настанот

Тој се пријави во полиција каде е задржан и во моментот се разговара со него, додека јавен обвинител и лекар по судска медицина треба да извршат увид на местото, информираат од полиција.

Пронајден и ножот за кој се претпоставува дека бил употребен во настанот.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираше Обвинителството во Тетово.