„Бубамарите“ штедат енергија за подобра иднина

Во градинката „Буба Мара“ во општина Аеродром преку едукативна работилница на тема „Штедете енергија за подобро утре“ вчера се одбележа светскиот ден за заштеда на енергијата.

На работилницата учествуваа деца на возраст од 5 до 6 години, како и воспитувачите, родителите и стручните работници од градинката.

O

Децата се запознаа со ветерниците и како тие се движат, како се добива енергијата и како да ја заштедат енергијата, а својата креативност и фантазија ја изразија во групните ликовни творби и стекнаа вештина за превиткување на хартијата во изработка на ветерница, а со тоа се поттикна свеста кај децата и вработените за заштеда на енергија.

Работилницата за заштеда на енергијата во градинката „Буба Мара“ беше организирана во соработка со Агенцијата за енергетика на Република Македонија.