Будимпешта против санкциите за Москва

Унгарија е против одлуката Европската унија да воведе економски санкции за Русија, изјавил денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Воведени се неколку рунди економски санкции и би било добро тоа да се избегне, бидејќи тоа не е во интерес на Европа, а уште помалку за Унгарија“, истакнал Орбан во интервју за унгарскиот дневник „Вилагаздасаг“.

Орбан истакнал дека кризата во Украина и политичките санкции што и се наметнаа на Русија, до сега не му наштетиле на нуклеарниот договор меѓу Унгарија и Москва и изразил надеж дека така ќе биде и во иднина.

Унгарија од Русија добива околу 80 отсто од својот природен гас и неодамна за Москва потпишала договор вреден десет милијарди евра, за да може државната руска компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ да ја прошири нуклеарната централа „Пакс“, која е голем произведувач на електрична енергија.

Русија е најголем унгарски трговски партнер надвор од Европската унија, а извозот во текот на 2013 година инзесувал 2,55 милијарди евра.