Спорт

Будуќност победник на АБА лигата

Будуќност победник на АБА лигата

Кошаркарите на Будуќност од Подгорица го остварија најголемиот клупски успех освојувајќи ја во саботата вечерта титулата во регионалната АБА лига совладувајќи го на свој терен актуелниот шампион Црвена звезда со 77:73 (22:15, 14:23, 24:19, 17:16) во четвртиот меч од финалната серија во кој црногорскиот тим вкупно славеше со 3:1.

До третата победа Бидуќноста стаса во вжештена атмосфера во салата „Морача“ и во неизвесна завршница, во која го надомести заостанувањето од два поена (68:70). Во моментите кога се решаваше мечот, домашните играчи имаа повеќе смиреност, а успехот го донесе Никола Ивановиќ кој во финишот украден една топка и постигна четири кошеви.

Но и овојпат главен играч кај Будуќност беше Немања Гордиќ кој беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија. Овој меч Гордиќ го заврпши со 18 поени и пет асистенции, додека Ивановиќ додаде 17 кошево, а Баровиќ уште 14 за победниците. Кај гостите Рочести даде 14 кошеви со 6 асистенции, Омиќ го следеше со 12 погодоци.

По трите последователни триумфи Црвена звезда остана без титулата во АБА лигата, а со тоа и без настапа во Евролигата следната сезона, во којашто ќе настапи Будуќност.