Будва ќе ја издава тврдината Могрен

Општина Будва има намера да ги издаде под 30 годишен закуп остатоците од австроунгарската тврдина Могрен, над истоимената плажа, на самата панорама на влезот во градот. Од тоа, општината има намера да добие приход од 35.500 евра годишно.

За тој долгорочен закуп, во понеделник ќе гласаат пратениците во парламентот, а се очекува дека идниот закупец, во согласност со условите кои ќе ги издаде Управата за заштита на културните добра, ќе ги реконструира и ревитализира рушевините на тврдината и ќе ја претвори во туристичка атракција, пишуваат подгорички Вијести.