Будва забележа рекордна посетеност

Црногорската туристичка метропола Будва, за време на новогодишните празници забележа рекордна посетеност, изјавија од Туристичката организација на Будва.

Од таму велат дека за дочекот на Нова година во Будва присуствувале повеќе од 20 илјади гости, а исто толку биле и на концертите на 1 јануари.

Портпаролката на Туристичката организација на Будва, Дарја Маровиќ наведе дека исполнетоста на хотелите на Будванската ривиера била поголема за разлика од минатогодишниот дочек, а значително подобар резултат остварен е и кога станува збор за приватното сместување.

„Ова беше една од рекордните посети во Будва во текот на новогодишните празници,“ изјави Маровиќ.

Во околните хотели, настапуваа Северина и Петар Грашо, Здарвко Чолиќ и Весна Змијанац.