Буџетот на италијанската мафија, поголем од буџетот на ЕУ!

Италијанската мафија е една од најмоќните во Европа, ако не е во светот.

Според италијанското министерство за надворешни работи, годишниот буџет на организираниот криминал во Италија е поголем од буџетот на ЕУ.

„Годишниот буџет на организиран криминал преминува 200 милијарди евра“, рече Џовани Брауци, директор на одделението за безбедност во министерството, додавајќи дека од тие пари, дури 10 отсто  се инвестираат во Италија, а остатокот во земјите во ЕУ и по светот.

„Насекаде имаат добри пријатели“, вели  Брауци.

Колку за споредба, буџетот на ЕУ за 2014 година, изнесува 140 милијарди евра. Брауци исто така рече дека мафијата, кога се во прашање помал компјутерски закани на интернет, соработува со италијанското правосудство во „обострано корисен однос“.

Според неговите зборови, мафијата отстапува докази на правосудните тела, за да се најдат групите и да се спречат заканите и на тој начин да ги заштитат нивните сопствени активности . На платната листа на мафијата се врвни адвокати и менаџери.

Брауци тврди дека италијанскиот организиран криминал е длабоко всаден во „најважните компании во финансискиот сектор“.