Буфон и Кјелини продолжуваат со Јувентус

Џанлуиџи буфон и Џорџо Кјелини ја покажаа на дело својата верност кон Јувентус со тоа што ги продолжија своите договори до 2017-та, односно до 2018-та година.

И двајцата се интегрален дел од тимот и продолжувањето на нивниот престој во клубот е од огромно значење и за останатите фудбалери, особено во оние помладите кои токму во овие двајца гледаат како на лидери на екипата.

На Јувентус сезонава му оди добра во Калчото и во моментов е на првото место со 28 бодови, три повеќе од второпласирана Рома.

.