Спорт

Буфон најслаба алка во „Старата дама“

Буфон најслаба алка во „Старата дама“

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Јувентус Јирген Колер рече дека голманот Џанлуиџи Буфон е најслаба aлка на „Старата дама“.

Двете екипи од 20:45 часот го играат реваншот од осминфиналето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот тим беше поуспешен на првата средба во Торино, кога домаќините славеа со 2:1 против клубот од Германија.

„Убеден сум дека Борусија ќе биде подобра во двомечот“, вели Колер за натпреварот.

„Јувентус е на врвот од Серие А, но има некои слабости, така и Буфон некогаш беше неверојатен голман, но овеќе не е на исто ниво“, додава Колер.

„Во последно време повеќе греши и тоа е прилика за германскиот тим, додека и одбраната на Јувентус е тенка“, нагласува Колер.

„Борусија ќе поведе со 3:0, а на крајот ќе победи со 3:1“, ги пофали Колер „Милионерите“.

„Резултатот од 2:1 од првиот меч е опасен за Јувентус, Борусија ќе ја казни секоја нивна грешка, Ројс и Обамејанг можат да постигнат погодок и покрај се“, рече Колер за „Билд“.