Буфон се плаши од вистинска катастрофа

Капитенот на Италија, Џанлуиџи Буфон додатни ја подгреа атмосферата пред утрешниот дерби натпревар против диерктниот ривал за втората позиција во групата „Д”, репрезентацијата на Уругвај со изјавата дека евентуалниот неуспех ќе биде еднаков на вистинска катасртофа.

„Да не се лажеме, ако загубиме од Уругвај, тоа ќе биде катастрофа за италијанскиот фудбал. Не дојдовме во Бразил како први фаворити, но не смееме ниту да помислиме како би се чувствувале нашите фанови во земјата, а и сите оние кои дојдоа да не бодрат овде, доколку се вратиме дома само по првата фаза. Одигравме одличен меч со Англија, но потоа доживеавме пораз од Костарика. Таков е фудбалот, не дозволува ниту најмало опуштање. Затоа, мораме да бидеме максимално фокусирани, а пред себе имаме голема селекција. Уругвај предводен од Суарез и Кавани заслужува голем респект“, изјави голманот на Јувентус.