Бугар се обидел да влезе во Македонија со украдено возило

Дваесет и деветгодишниот К.С.Н. од Бугарија се обидел да влезе во Македонија со украдено возило.

При преглед над возилото од марка „Ренџ Ровер“ со софиски таблички утврдено е дека сообраќајната дозвола на возилото е фалсификувана и фалсификуван е ВИН бројот. Од извршените проверки во базата на Интерпол утврдено е дека возилото е украдено. Лицето е уапсено, се работи на целосно расчистување на случајот.