Бугари транспортирале струмичани до ЕУ земјите за 200 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А.(35) и Е.В.А.(28), двајцата од Бугарија, за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“.

Пријавените, во текот на 2013 година, за износ од 200-300 евра по лице поттикнувале, организирале и транспортирале лица од општините Струмица и Василево и од други места за во државите на Европската Унија, најчесто во Германија, а транспортот го вршеле со пет патнички возила.