Бугарија доби нов в.д. премиер

Героги Близнашков, професор по право и поранешен социјалистички пратеник е именуван за нов в.д. премиер на Бугарија.

Новиот министер за финансии ќе биде 49-годишниот Румен Порожанов, наведе претседателот Росен Плевнелиев во изјава за државната бугарска телевизија.

Преодната влада должноста ја презема по распаѓањето на коалицијата кон крајот на јули.

Новата Влада е задолжена да ги подготви новите избори кои се закажани на 5 октомври.