Бугарија го замрзна Јужен тек до одлуката на ЕК

Проектот за изградба на гасоводовт Јужен тек во Бугарија ќе биде замрзнат се до одлуката на Европската комисија за тоа дали овој проект е во согласност во законите на Европската Унија, изјави бугарските претседател Росен Плевнелиев.

„Ја поддржуваме изградбата на гасоводот Јужен тек само ако е според европските закони“, рече Плевнелиев.

Бугарскиот претседател ја распушти Владата и именуваше нова преодна влада, а поранешниот социјалистички пратеник Георги Близнашкијев го именуваше за в.д.премиер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.