Балкан

Бугарија и Романија последни во ЕУ по БДП по глава на жител

Бугарија и Романија последни во ЕУ по БДП по глава на жител

Бугарија и Романија се со најнизок бруто домашен производ (БДП) по глава на жител во однос на просекот за Европската унија во 2012 година. За Луксембург овој показател е највисок, покажуваат новите објавени проценки на европската статистичка служба Евростат.

Романија и Бугарија се околу 50 отсто под просекот. Во Луксембург пак БДП по глава на жител изразен во куповна моќ , е повеќе од 2,5 пати над просекот за ЕУ.

Бугарија е на дното на табелата, нејзиниот БДП по глава на жител изразен во куповна моќ, претставува 47 отсто од просекот на ЕУ. Романија е пред неа со 50 отсто.

По Луксембург се рангираат Австрија, Ирска, Холандија и Шведска, Данска, Германија и Белгија, каде показателот е помеѓу 20 и 30 отсто над просекот.