Бугарија има најзагаден воздух во Европа

Воздухот во Бугарија е најзагаден со честички прав помали од 10 микрона меѓу државите-членки на Европската агенција за животна средина (EEA), се наведува во последниот годишен извештај на оваа организација.

Како што јави БТА, веднаш по Бугарија на листата на најзагадени земји следуваат Полска и Словачка.

Процентот на населението во Бугарија изложено на овие честички, кои важат за најсериозен загадувач во Европа, изнесува речиси 90 отсто и е значително над европскиот просек од 38 отсто.

Причините за зголеменото ниво на овие честички во Бугарија, според ЕЕА, се сообраќајните и индустриските активности, како и загадените и лошо одржувани коловози. Дополнително за загадувањето придонесуваат и променетите климатски услови и намалениот обем на ветрови. Најзагадени градови во Бугарија се Перник, Димитровград, Видин и Пловдив,

Само во текот на 2011 година во Европа се регистрирани околу 400.000 случаи на предвремена смрт предизвикана од влијанието на загадениот воздух. Речиси 95 проценти од градското населние во Европа е изложено на воздух чие ниво на загаденост е опасно според стандардите на Светската здравствен организација.

Членки на Европската агенција за животна средина (EEA) се државите од ЕУ, земјите од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гота, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Турција и Швајцарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.