ТОП,Македонија

Бугарија испраќа помош за настраданите во поплавите

Бугарија испраќа помош за настраданите во поплавите

Во касарната „Гоце Делчев“ денеска ќе биде предадена хуманитарната помош од Република Бугарија за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион.

Помошта, како што соопшти вчера бугарското Министерството за транспорт, информациска технологија и информации, се состои во храна, вода и хигиенски средства во вредност од над 40.000 лева.

Децата во настраданите подрачја, според соопштението, ќе добијат повеќе од 6.200 детски кашички и 5.000 памперси. Помошта вклучува повеќе од 22.000 литри флаширана вода, над 8.200 конзерви и друга храна и материјално-технички средства за справување со штетите од невремето.