Бугарија ја намали основната каматна стапка на нула проценти

Бугарската народна банка (БНБ) соопштии дека од утре основната каматна стапка во Бугарија ќе изнесува нула проценти, јави БТА.

– Согласно член 35 од Законот за Бугарската народна банка, БНБ објавува дека почнувајќи од 1 април 2016 година, основната каматна стапка ќе биде на ниво од 0,00 проценти, се наведува во соопштението на централната банка на Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.