Балкан

Бугарија ја стопира изградбата на Јужен тек

Бугарија ја стопира изградбата на Јужен тек

По притисоците од страна на Европската унија и САД, Бугарија ги запре подготовките за изградба на гасоводот Јужен тек со кој рускиот природен гас треба да се испорачува до Италија.

 „Постои барање од Европската комисија и ние ја запревме понатамошната работа на проектот во врска со ова барање. Одлуката ќе ја донесеме по советувањето со Брисел”, изјави бугарскиот премиер Пламен Орешарски.

Европската комисија побара од вторникот од Бугарија да ја прекине израдбата на гасоводот Јужен тек на својата територија тврдејќи дека Бугарија не ги почитува европските правила за јавните тендери.

Европската комисија смета дека билатералните договори на Русија со земјите членки на ЕУ низ кои треба да транзитира гасоводот, Австрија, Бугарија, Унгарија и Словенија, ги прекршуваат европските закони. Москва, пак, од своја страна ја започна процедурата за судска постапка за договор со СТО во врска со мерките што ги применува ЕУ , според кој сопственици на магистралните гасоводи и нафтоводи во регионот не можат да бидат компании, коишто се занимаваат со производство на гас.

На почетокот од јуни Европската комисија предложи да се суспендираат изградбите на гасоводот Јужен тек сѐ додека тој не биде усогласен со прописите за третиот енергетски пакет.

Комисијата упати писмо со предупредување до Софија, што се смета за прва етапа о процедурата за поништување.

Бугарија речиси целосно зависи од руските испораки на гас кои одат преку гасоводите Украина, којашто со Јужен тек целосно се заобиколува и директно се носи до бугарските потрошувачи.
Американскиот републикански сенатор Џон Меккејн го ја предводи групата сенатори кои се на турнеја по земјите од Источна Европа, во неделата во Софија изјави дека САД „ги поддржуваат напорите на бугарската влада во постигнувањето енергетска независност”. Во смисла на гасоводот Јужен тек, Меккејн рече дека сака „да го изведат руски независни организации”.
Конзорциумот кој го предводи руската компанија „Стројтрансгаз” во кој влегува и бугарската „Газрпроект Југ” АД, на 27 мај победи на тендерот за градба на бугарската етапа од Јужен тек, што предизвика американско противење.