Бугарија ќе ги издаде сите потребни документи за „Јужен тек“

Бугарија има намера да ги издаде сите неопходни документи за да се продолжи изградбата на проектот „Јужен тек“, за да не биде обвинета дека таа го попречува проектот, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесоа бугарските медиуми.

Засега нема информации дали „Газпром“ ќе продолжи со реализацијата на проектот според првичните планови.

По консултациите во Беисел, Борисов ги убедил лидерите на ЕС дека Бугарија треба ди ги исполни своите обврски преземени со меѓународните договори, за да не биде обвинета дека поради неа проектот е прекинат, а за се останато ќе се очекуваат заложби од страна на властите во ЕУ.

– На тој начин нашата страна сега ќе може да ги исполни своите обврски, односно подготовката, за излегувањето од море на гасоводот и ќе издаде решение за изградба, појасни Борисов.

Премиерот на Бугарија, забележа дека ако по ова „Газпром“ пак одучи дека треба да се прекине проектот, вината за тоа нема да ја сноси Бугарија.