Бугарија ќе се казни поради Јужниот тек

Со изградбата на Јужен тек, Бугарија ги крши правилата на Европската унија и Европската комисија ќе преземе мерки тоа да не се случи. Доцна синоќа ова го соопшти претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, велејќи дека за тоа се известени и лидерите на земјите на Европската унија кои заседавале во Брисел.

Барозо, ова го изјавил на конференција за медиуми и додал дека за тоа го известил и бугарскиот премиер, Пламен Орешарски.

На новинарско прашање, како гледа на фактот дека Бугарија почна со изградбата на Јужниот тек на своја територија, во соработка со официјална руска компанија која е на листата за забранети дозволи за патување во ЕУ, Барозо посочил дека на лидерите на ЕУ им ја премел потребата да бидат единствени околу енергетската безбедност.

Тој додал дека на лидерите на ЕУ им воочил дека некои договори кои се потпишани или за кои се преговара се спротивни на законите во ЕУ, напоменувајќи дека Европската комисија ќе почне активности во врска со тоа.

Барозо му ставил на знаење на бугарскиот премиер дека правилата на внатрешните пазари на ЕУ мора да се почитуваат „не само поради тоа што Европската комисија е чувар на одредбата на Договорот на ЕУ, туку и затоа што се доведува во опасност енергетската безбедност на Бугарија и ЕУ, доколку тие прописи не се почитуваат“.

„Сосема сме запознаени со таа ситуација и со месеци ја следиме, На самитот на ЕУ не оставив сомнеж дека Европската комисија ќе делува секогаш кога ќе се загрозат правилата на внатрешниот пазар, а конкретно правилата за енергија не се испочитувани“, кажал Барозо.