Балкан

Исламска држава се снабдува со пасоши од бугарската мафија

Исламска држава се снабдува со пасоши од бугарската мафија
Исламска држава се снабдува со пасоши од бугарската мафија

Бугарската мафија е силен фактор во земјата. Нејзин специјалитет се трговијата со оружје и дрога, проституцијата и трговијата со луѓе. Исламска држава се снабдува со пасоши од бугарската мафија. Ова се вели во обемниот материјал на авторитетниот германски весник Die Welt.

Има три главни влезни патишта во Европа низ кои минуваат луѓето на Исламската држава. Првиот тргнува од Сирија, поминува низ Босфор и влегува во Грција. Вториот пат поминува низ малите држави на поранешна Југославија. И третиот, можеби актуелен, минува низ Бугарија, пишува уште Die Welt.

Општо познато е дека од моментот во кој бегалците ќе добијат азил во Германија, тие можат слободно да се движат и да работат во земјата. Поседување на сириски пасош е сè што им треба на терористите, се вели во статијата.

Токму овој пасош е речиси сигурен и автоматски гарант за добивање на азил. Еден таков пасош на црниот пазар чини околу 1.200 евра, а во оваа цена се вклучува и лична карта. Документите се вистински. Освен тоа терористите евентуално можат и сами да си го произведат колку што владеат со цели провинциски престолнини и нивните служби, додава авторот на статијата.

Бегалскиот трик е изгледа совршен трик, а title=”ММФ: Можно е отпишување на дел од долгот на Грција” Грција – совршена рута за џихадисти. Но бугарската врска не е само авантуристичка, но и најопасна за Европа. Никакви згрижувачки кампови, никакви проверки на идентитетот и олеснувања на патување во целата Унија. И сето тоа благодарение на бугарскиот пасош, со кој никако не е тешко да се здобијат, се вели во текстот. Како најсиромашна европска држава, Бугарија е особено погодна за нелегални активности, вели весникот и додава дека државата има многу сериозен проблем со корупцијата и до највисоките раководни нивоа. Освен тоа важечка и на меѓународно ниво бугарска мафија е силен властен фактор во земјата. Таа одржува добри врски со криминални групи во Русија, Србија и Италија. Нејзин специјалитет се трговијата со оружје и дрога, проституцијата и трговијата со луѓе.

“ИД се снабдува со пасоши од бугарската мафија”, тврди Лоренц Бергер, постапувајќи во Блискиот Исток од некое време прикриен како агент за неколку европски тајни служби. “Бугарските гангстери заработуваат меѓу 20.000 и 30.000 евра за еден пасош. Во Бугарија се уште можат да се остваруваат контакти со тајните служби, што се должи на старите времиња”, тврди Бергер, имајќи го предвид времето на Студената војна. “Во раководството на ИД има и поранешни офицери на режимот на Садам Хусеин. Сите тие учеле своевремено во земјите од Источниот блок, многу од нив – во ГДР. По падот на Берлинскиот ѕид, многу од старите источни шпиони отидоа на Блискиот Исток.”

Исламската држава многу добро знае како се одржуваат деликатни и опасни воени операции. ИД не дејствува како герилска група, туку како држава, тврди Бергер.

Може да изгледа речиси како гротеска дека евентуалните денешни терористички дејствија на територијата на СРГ може да се засноваат на размената на информации со Штази (Државна безбедност на ГДР). “Тајните служби на Источниот блок беа многу професионални”, вели Бергер. Тој повеќе нема да се враќа во Сирија, каде што бил во заробеништво некое време.

Дописникот на Die Welt опишува како Бергер се среќава на аеродромот во градот крај Босфор со свој познаник, кого не го видел доста време – Раду, така се вика  човекот, враќајки од Танзанија. Но, никој од властите не му обрнува внимание.

Следната голема битка се приближува кон Европа, завршува материјалот на Алфред Хакенбергер.