И Бугарија со ограда ќе се брани од бегалци

Бугарија, заедно со Унгарија, интензивно ја разгледува можноста за градење на челична ограда висока пет метри на долж границата, слична како оградата на граничната линија меѓу Израел и Египет, објавува новинската агенција „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Двете земји направиле истражување за евентуално купување од Израел на елементи за ограда, објавува „Ројтерс“ изјава на неименуван бизнисмен од таа бранша, кој барал да остане анониимен поради деликатноста на преговорите.

Бугарија интензивно го засилува обезбедувањето на своите граници, со цел да го пресече протокот на бегалци, кои најголем дел бегаат од војни и се обидуваат да минат низ нејзина територија за да стигнат во побогатите европски држави на северниот и на западниот дел од Стариот континент.

– Но, градењето на такви огради, кои се високи пет метри, имаат бодликава жица, камери и сензори за движење, би ги вратило спомените од поделбата во Европа од времето на Студената војна. Европските претставници, пак, се едногласни дека оградите не би помогнале за решаване на кризата со бегалци, пишува новинската агенција.

ограда бегалци граница
Ограда за заштита од бегалци на границата меѓу Унгарија и Србија

Официјални претставници на Бугарија и на Унгарија, потврдиле дека се водат интензивни разговори за градење на гранична ограда за заштитиа од бегалци.

– Претпоставувам дека тоа е така зошто соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на Бугарија и на Израел е многу интензивна. Засега неможам да ви кажам никакви детали, но мислам дека позајмуваме колку што е можно од израелскиот пример., рекол бугарскиот заменик – амбасадор во Тел Авив, Рајко Пепеланов.

Унгарското министерство на надворешни работи и трговија, соопштило дека нема информација за израелско-унгарски преговори за купување на елементи за ограда.

Но, во текстот се наведува дека израелскиот извор на информацијата рекол оти зделката сеуште не е дефинитивна, бидејќи има буџетски ограничувања, а и поради политичката чувствителност во Европската унија кон подигање на огради за контрола на протокот на бегалци од Сирија, Ирак, Либија и од други земји погодени со воени конфликти.

– Оградите на испорачуваат правилна порака, особено не кон нашите соседи, изјавила портпаролот на ЕУ, Мина Андреева.

telo-dete-111
Бегалците и нивната тажна приказна

Инаку, оградата за која Бугарија пројавила интерес е иста како онаа која Израел ја изгради долж својата 230 километарска граница со Египет.

Таа беше градена цели три години и беше готова во 2013 година. Нејзината цел е да го сопре протокот на бегалци и мигранти од Африка и да спречи напади на исламски бунтовници.

За неа израелските власти платија 380 милиони долари.

Слична ограда би ги чинела странсктие купувачи околу 15 отсто поскапо, поточно околу 1,9 милиони долари за еден километар, појасниле изворот на „Ројтерс“.

бегалци ограда граница
Оградата за заштита од бегалци на границата меѓу Израел и египет

Но, спепак, агенцијата смета дека една таква ограда за спречување на проток на бегалци значително би ја зголемила безбедноста во Бугарија.