Бугарија постепено ќе ги затвора бегалските кампови

Бугарската Влада планира во рок од една година да затвори најмалку еден од бегалските кампови во Софија, а не е исклучено да бидат затворени и повеќе од центрите во главниот град на Бугарија во кои се сместени бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за внатрешни работи Филип Гунев.

Како што јави БТА, ваквата најава следи по зачестените социјални тензии поврзани со бегалците во Софија во полседниве неколку седмици.

Гунев нагласи дека засега не е определена локацијата на која ќе бидат префрлени бегалците од Софија, додавајќи дека ќе бидат потребни дополнителни 2,5 милиони евра за затворање на центрите и дислокација на лицата од нив.

ЕУ веќе најави дека на Бугарија ќе и додели 160 милиони евра, од кои 80 отсто ќе бидат наменети за заштита на бугарските граници, а остантите 20 проценти за сместување на бегалците и за справување со бегалската криза.

Гунев најави дека дел од овие средства ќе бидат искористени и за проширување на постојните центри за сместување на бегалци од затворен тип и за изградба на три мобилни кризни центри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.