Бугарија пред банкрот, и се заканува грчко сценарио

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов предупреди дека на Бугарија и се заканува банкрот според грчкото сценарио.

Според Борисов, на земјата и се заканува и напуштање на НАТО, доколку не биде сменета досегашната политика, и доколку неговата партија ГЕРБ не освои солидно мнозинство самата да формира Влада на претстојните предвремени избори.

„Ситуацијата е таква што, како што во зимно време не и даваме на жена да вози, туку пуштаме да се качи најдобриот возач, така и сега прашањето е дали ќе ја избегнеме катастрофата во која сме во моментов. Да не западнеме во несреќа и да одиме надолу како Грција. Но, Грција имаше кој да и помогне. Тука во еден момент ќе стане прашање и за излегување од НАТО“, изјави Борисов.

Борисов бара да има 121 пратеник, за да може сам да ја формира идната Влада.

Тој ја обвинува Социјалистичката партија, која владееше од јуни 2013 година, за оддалечување на земјата од евро-атланските сојузници поради промовирање на проектот Јужен Поток со Русија, како и за неодамнешната криза во банкарскиот сектор.

Изборите ќе се одржат на почетокот на октомври.