Бугарија следните денови очекува прилив на мигранти од Турција

Претседателот на бугарската техничка Влада Огњан Герџиков изјави денеска дека се преземени дополнителни мерки за јакнење на безбедноста на границата на Бугарија со Турција поради очекуваниот прилив на мигранти следните денови, јави БТА.

Герџиков вчера се состанал со бугарскиот министер за внатрешни работи и со шефиците на Државната агенција за национална безбедност и на специјалните служби во врска со ова прашање.