Бугарија со најголем процент на бездетни домаќинства во ЕУ

Бугарија е земја со најголем процент на бездетни домаќинства од сите земји членки на ЕУ. Дури 26,5 отсто од вкупно 2,8-те милиони домаќинства во Бугарија се без деца.

Тенденцијата на пораст на домаќинства без деца во Бугарија ја потвдуваат и податоците на бугарскиот Национален статиситички институт (НСИ), врз основа на пописот на населението од 2011 година.

Според податоците на НСИ, дури 30,8 отсто од домаќинствата во Бугарија ги сочинуваат самци, 28,4 проценти се домаќинства од два члена, 20 отсто се со едно дете, 13 проценти со две деца и седум отсто со три и повеќе деца.

Вво 2001 година во Бугарија имало 662.853 едночлени домаќинства, а во 2011 година нивниот број пораснал на 925.385.

Според податоците на Евростат, просечно семејство во Бугарија брои 2,4 члена, колку што имаат и Белгија, Грција, Летонија, Литванија и Словенија.

Најбројни семејства во рамките на ЕУ во просек има Хрватска со 2,8 члена во семејство, а по неа следуваат Малта, Кипар, Романија и Словачка со по 2,7 чена во семејство.

Најмали семејства во ЕУ, во просек со под два члена, имаат Шведска и Германија.

Дури 32,7 проценти од домаќинствата во ЕУ или 220 милион ги сочинуваат самци. Највисок просек на домаќинста со по еден член има Шведска – 47 отсто, пред Финска, Данска и Германија со по околу 40 проценти.  Најмалку пак самци во ЕУ има во Малта и Кипар, со по околу 20 проценти од вкупниот број домаќинства.

Најмногу домаќинства во рамките на ЕУ има Германија – околу 40 милиони, пред Велика Британија и Франција со по околу 28 милиони, додека најмалку имаат Малта – 150.000 и Луксембург – околу 220.000 домаќинства.