понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Бугарија воведе задолжително гласање

Според новите мерки кои се одобрени во Парламентот оние кои нема да гласаат ќе бидат избришани од избирачките списоци, а доколку се предомислат ќе мораат повторно да се впишуваат во избирачкиот список за да гласаат на следните избори.

Бугарија воведе задолжително гласање

Бугарија воведе задолжително гласање

Последни вести

Бугарија денеска за своите граѓани воведе обврска да гласаат на изборите, објави МИА.

Според новите мерки кои се одобрени во Парламентот оние кои нема да гласаат ќе бидат избришани од избирачките списоци, а доколку се предомислат ќе мораат повторно да се впишуваат во избирачкиот список за да гласаат на следните избори.

Пратениците не го прифатија предлогот со кој се предвидуваше оние кои нема да гласаат да бидат парично казнети или да им биде скусена социјалната помош.

Аналитичарот од Галуп, Андреј Рајчев смета дека немањето казни за неизлегување на избирачките места претставува „глупав компромис“.

На последните парламентарни избори во 2014 година гласале 48, 4 отсто од бирачите, што е најнизок одѕив од крајот на комунизмот во оваа југоисточна европска земја. Експертите очекуваат дека голем фактор за тоа има општата разочараност во корумпираната политичка елита која успеала да го зголеми само својот животен стандард.

Усвоените промени во Бугарија ќе стапат во сила за претседателските избори во октомври.

Најчитани вести