Бугарин фалсификувал исправа при влез во државата

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против бугарскиот државјанин В.М.С.(39) за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 07.08.2014 година на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од Македонија, допатувал пријавениот со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки при што од страна на полициски службеници е утврдено дека има преправки во вин бројот, а типската и сервисната налепница се фалсификувани.

Од страна на судија од претходна постапка на пријавениот му е определена казна затвор во траење од шест месеци, односно условно две години.

На обвинетиот исто така му е изречена мерка протерување на странец во траење од една година.