Балкан

Бугарин фатен со 25 килограми марихуана на хрватската граница

Бугарин фатен со 25 килограми марихуана на хрватската граница

Шеесет годишен бугарски државјанин е фатен на граничниот премин „Бајаково“ на хрватско-српската граница со 25,815 килограми марихуана.

Дрогата била пронајдена во автомобил од марката „фиат“ со бугарска регистрација при претрес извршен врз основа на наредба од судот во Вуковар. Во возилото бил пронајден вкупно 91 пакет.

Возачот е уапсен и однесен во полиција.